Кристи Пајк, која ја преживеа смртната казна во САД, сега е „свесна и зборува“, велат нејзините адвокати.
Педесетгодишната Пајк останува во итна медицинска нега во болницата и како што информираат нејзините адвокати таа е „врзана со лисици и окови за креветот“.
Пајк, која беше осудена на смрт заради убиство на Колин Слемер заедно со нејзиното тогашно момче во 1995 година, преживеа два неуспешни обиди за погубување со смртоносна инјекција минатата среда во Тенеси.
По што беше пренесена во болница, каде што со денови беше во несвест, а лекарите го чистеше нејзиното тело од инјектираната смртоносна хемикалија.
Експертите и нејзиниот правен тим велат дека нејзиното очигледно закрепнување е без преседан.
Се верува дека Пајк е единствената личност што преживеала смртоносна инјекција.

Кристи Пајк, осуденичка на смрт во Тенеси, во четвртокот вечерта била во несвесна состојба, интубирана и приклучена на апарат за вештачко дишење, откако властите не успеале да ја погубат со смртоносна инјекција, соопштија нејзините адвокати во судски поднесоци. На 50-годишната Пајк во средата ѝ биле вбризгани две смртоносни дози пентобарбитал, но таа останала жива.Потоа била… Продолжи со читање
Нејзините адвокати изјавија дека прогнозата останува неизвесна, но дека „во најмала рака, очекуваме долго закрепнување“.
Дебора Дено, криминолог и професор на Правниот факултет „Фордам“, во изјава за Би-Би-Си вели дека е „апсолутно вчудоневидена“ што Пајк е свесна и зборува.
Имало седум други случаи во кои затвореници преживеале погубувања, но во тие случаи, извршителите не успеале да инјектираат ништо во вените на затворениците, изјави Дено.
Пајк „е единствената личност на која ѝ бил инјектиран некаков вид токсин“, рече таа.
„Тие го направија сето она што требаше да го направат како дел од процесот на погубување, но тоа едноставно не успеа“, рече Дено. „Ова никогаш претходно не се случило.“

Стивен Хејл, новинар на „Нешвил Банер“, рече дека случајот покренува многу прашања, вклучително и тоа „како ли им е на семејството на жртвата, на кое 30 години му се зборува дека ќе добие правда и дека таа правда се состои во тоа ние да ја погубиме Криста Пајк“.
Надлежните сè уште не соопштиле дали повторно ќе се обидат да ја извршат смртната казна врз Пајк. Тие исто така не понудиле објаснување за тоа што тргнало наопаку откако двапати ѝ ја вбризгале хемикалијата пентобарбитал.
Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, ги суспендираше сите извршувања на смртни казни до крајот на годината, а шефот на затворскиот систем во државата изјави дека планира да поднесе оставка.
Пајк имала 18 години кога таа и нејзиното тогашно момче, Тадарил Шип, ја претепале, мачеле и убиле 19-годишната Слемер, со која се запознале во камп за обука и преквалификација на проблематични млади.

Шип во тоа време имал 17 години, што значи дека бил поштеден од смртна казна за неговото учество во нападот бидејќи тогаш сè уште не бил полнолетен. Тој останува во затвор.
Во меѓувреме адвокатите на Пајк бараат нејзината казна да се преиначи во поблага казна – доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Кристи Пајк, осуденичка на смрт во Тенеси, се наоѓа во „критична состојба и прима медицинска нега за спасување на животот“ во болница, откако преживеала два обида за погубување со смртоносна инјекција, што го натерало гувернерот на државата да ги запре сите погубувања за оваа година. „Во моментов немаме сознанија за нејзината прогноза, ниту подетални информации… Продолжи со читање
Б.С.












