Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комеморација во Белград за поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, осуден на доживотен затвор за геноцид

/

Свет

Сподели преку :

Денеска во Домот на Армијата во Белград се одржа Комеморација за поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој почина минатата недела додека ја издржуваше казната доживотен затвор за геноцид во Хаг.

Посмртните останки на Младиќ беа пренесени во Белград со авион на српската влада во четвртокот, една недела по неговата смрт.

Младиќ беше осуден во 2017 година на доживотен затвор за организирање на масакрот врз повеќе од 8.000 муслимани во Сребреница во 1995 година, за повеќегодишната опсада на босанскиот главен град Сараево за време на конфликтот од 1992 до 1995 година, како и за други воени злосторства, вклучително и формирањето логори за притворени цивили кои не биле Срби и за непријателски војници.

По пристигнувањето во Белград, ковчегот на Младиќ беше покриен со националното знаме, а српски војници го пренесоа неговото тело до комбе за транспорт во воена болница.

Министерот за правда на Србија, Ненад Вујиќ беше во авионот од Хаг, заедно со членовите на семејството на Младиќ. Националистички поддржувачи палеа факели додека колоната возила минуваше.

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во петокот ја откажа планираната посета на Србија, земја-кандидат за членство, поради она што таа го опиша како „величење“ на поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, по неговата смрт.

Младиќ беше осуден за геноцид од страна на суд на ОН, но за многу Срби тој и натаму е херој.