Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Кај голем дел од луѓето има и умор од предолгото владеење на Еди Рама“, истакна Марковиќ во Топ Тема

/

Свет

Сподели преку :

„Никогаш протестите не се од една хомогена група, односно има различни групи кои се незадоволни од различни работи. Во случајот со Албанија има комодификација и комерцијализација на јавен простор од една страна се работи за еден од најубавите предели во Албанија приморјето, но од друга страна кај голем дел од луѓето има и умор од предолгото владеење на Еди Рама“, истакна во вечерашната Топ Тема универзитетскиот професор, Ненад Марковиќ.

Според него кога сте долго на власт не можете да се одбраните ако не лично, тогаш од корупцијата на оние околу тебе.

  • Се создаваат различни кругови на влијание, прв, втор, трет круг на влијание кои полека влегуваат во коруптивни шеми. Елитите на Балканот не се покажале воопшто спремни на долг рок да спречат ваков тип на деградациони процеси, па и на Западот е тоа така, вели Ненад Марковиќ, универзитетски професор.