Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ја прикажувал Русија во позитивно светло и служел како инструмент за мека моќ на Москва – Украина воведе санкции против авторот на цртаниот филм „Маша и Медо“

/

Свет

Сподели преку :

Руското студио Анимаакорд што го произведе популарниот цртан филм „Маша и Медо“ се најде под санкции на Украина. Со мерките на Киев се опфатени и основачот, сценаристопти и режисерот на анимираниот серијал. Санкциите се воведени со со Уредба на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Цртаниот филм за немирното девојче и пензионираниот циркуски Медо има култен статус во Русија. На Јутјуб има десетици милијарди прегледи, се прикажува во стотици земји, но поттикна производство на неколку сродни серијали.

Но, „Маша и Медо“ се најдоа на критики во Украина и кај нејзините сојузници, меѓу кои Велика Британија и Естонија. Критичарите сметаат дека цртаниот филм ја прикажува Русија во позитивно светло и служи како инструмент за мека моќ на Москва.

„Украина воведе санкции против продуцентот и дистрибутерот на руската анимирана серија „Маша и Медо“. Со тоа се отвораат правни основи за блокирање на содржината во Украина и нејзино вклучување на меѓународни платформи за да се ограничи неговата монетизација и дистрибуција“, напиша украинската министерка за култура, Татјана Бережна на Икс.

Според Кабинетот на Зеленски, „цртаниот филм шири проруски наративи прикриени како содржина за деца“.

Кремљ со потсмев ги отфрли таквите обвинувања. Прашан за коментар за украинските санкции, портпаролот Дмитриј Песков рече дека „Маша и Медо“ го освоиле светот, промовирајќи ги „најдобрите човечки особини“.

„Фактот дека Украина почна војна против цртаниот филм веројатно е уште еден пример за лошата природа на украинските власти“, рече Песков пред новинарите.

Фото: youtube/printscreen