Израелската армија уништила подземни позиции на ирански поддржуваната вооружена група Хезболах во јужен Либан, соопштија премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац.
Операцијата го заокружува „консолидирањето на безбедносната зона во јужен Либан“, напишаа министрите во заедничко соопштение на платформата „Икс“.
Засега нема потврда од либанска страна.
Пред една недела израелската армија презеде контрола врз гребенот Али Тахер. Според израелските медиуми, борци на Хезболах со недели биле укопани на локацијата, а подрачјето било место на повеќекратни судири.
Израелските вооружени сили на „Телеграм“ соопштија дека по обемни подготовки ја уништиле подземната инфраструктура во подрачјето на стратешки важниот гребен.
Според армијата, способноста на Хезболах да користи таква инфраструктура за планирање и извршување терористички напади врз израелски цивили и војници е целосно елиминирана.












