Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел пред нов политички ќор-сокак по изборите – ниту еден од двата главни политички блока нема доволно пратеници за формирање влада

/

Свет

Сподели преку :

Израел се соочува со неизвесен политички период откако конечните резултати од парламентарните избори покажаа дека ниту еден од двата главни политички блока нема доволно пратеници за формирање влада.

Блокот предводен од премиерот Бенјамин Нетанјаху и опозицискиот блок на Гади Ајзенкот не успеаја да обезбедат мнозинство од најмалку 61 пратеник во парламентот со 120 места.

Се разгледуваат четири можни сценарија за излез од кризата: формирање опозициска влада со поддршка од арапските партии, создавање влада на национално единство, привлекување пратеници од опозицијата во блокот на Нетанјаху или распишување нови избори.

Сепак, длабоките политички и идеолошки несогласувања меѓу партиите ги отежнуваат преговорите и формирањето стабилно парламентарно мнозинство.

Израелскиот претседател Исак Херцог треба да ги консултира партиските лидери и да му довери мандат на еден од нив за составување нова влада.

Кандидатот ќе има 28 дена, со можност за дополнително продолжување од 14 дена.

Доколку и следните обиди не успеат, земјата ќе оди на нови парламентарни избори, кои би можеле да се одржат најрано следната пролет.

Тоа би биле седмите избори во Израел во период од осум години.