Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избори во германската покраина Саксонија-Анхалт – десничарската АфД очекува убедлива победа и прв премиер

/

Свет

Сподели преку :

Околу 1,7 милиони граѓани денеска гласаат на покраинските избори во источногерманската покраина Саксонија-Анхалт. Анкетите предвидуваат убедлива победа на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), со поддршка од околу 40 отсто.

АфД, која во покраината е означена како противуставна организација, се надева на апсолутно мнозинство и на прв покраински премиер од своите редови.

ЦДУ е втора со 23 отсто, додека сите партии што се очекува да влезат во парламентот отфрлаат можност за коалиција со АфД.

Гласањето во Саксонија-Анхалт завршува во 18 часот, а првите резултати се очекуваат вечерва.