Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италија: Комунални работници помогнаа да се најде добитен билет фрлен во ѓубре, вреден еден милион евра

/

Свет

Сподели преку :

Добитнo ливче на Лотарија вредно еден милион евра е пронајдено во ѓубре откако очајна добитничка побарала од комуналните работници да ѝ помогнат да го пронајде, изјави за АФП компанија за управување со отпад.

Ливчето било „чудесно недопрено“ кога работниците го нашле пребаруваjќи го камионот за ѓубре.

Сѐ започнало кога жената во неделата отишла во локална продавница за да го провери своето ливче, а автоматот и прикажал дека станува збор за „неисплатлива“ награда, бидејќи помалите продавници можат да исплатат само помали добивки.  Убедена дека не освоила ништо, таа го оставила ливчето во продавницата. Но кога по враќањето дома, член од нејзиното семејство ја известил дека се извлечени броевите кои таа секогаш ги избирала, се вратиле во продавницата, каде дознале дека ливчето веќе е фрлено во ѓубре. За среќа успеале да го лоцираат камионот што го презел отпадот и навреме да го запрат.

Поради потенцијалните здравствени ризици при пребарување на отпадот, возилото било пренесено во специјализирана компанија овластена за ваков вид интервенции. Работниците поминале цел ден пребарувајќи низ отпадот, при што пронашле бројни сметки, белешки и други фрлени предмети.

Меѓу нив конечно било пронајдено и добитното ливче, кое, и покрај сѐ, останало целосно недопрено..