Италијанската влада ја суспендира примената на договорот за Шенген со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката, како што се наведува, е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во шпанската енклава Сеута на северот на Африка.
Иако Италија и Шпанија немаат заедничка копнена граница, двете земји се дел од шенгенскиот простор, што во вообичаени околности овозможува слободно патување меѓу нив без гранични контроли, вклучително и патувања со брод и авион.
Италијанското Министерство за внатрешни работи објави и за договор со Франција за засилен надзор долж италијанско-француската копнена граница.
Договорот за Шенген зона е потпишан во 1985 година и денеска ги опфаќа сите земји членки на Европската Унија, освен Република Ирска и Кипар, како и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.












