Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исланд го отфрли предлогот за продолжување на преговорите за членство во ЕУ на референдум, објави јавниот радиодифузен сервис

/

Свет

Сподели преку :

Исланѓаните гласаа да останат надвор од Европската Унија, објави радиодифузерот RÚV во неделата, отфрлајќи го предлогот  на владата повторно да ги отвори преговорите за членство и застанувајќи на страната на оние кои велат дека исландските риболовни води се премногу важни за да се ризикува.

Гласањето со „не“ ќе го разочара Брисел, бидејќи некои функционери го претставуваа Исланд како случај со низок ризик, кој би можел да помогне во ублажувањето на скептицизмот кон проширувањето на ЕУ и стратешки да го зајакне блокот во време кога безбедноста на Арктикот е во фокусот.

Владата го претстави својот план за членство како момент „сега или никогаш“.

Оние кои го поддржуваа членството во ЕУ, рекоа дека приклучувањето кон блокот би можело да ги намали високите каматни стапки и да понуди поголема безбедност во светот вознемирен од војната во Украина и реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за припојување на друг арктички остров, Гренланд. Главен аргумент на противниците на продолжувањето на преговорите беше дека членството во ЕУ би го загрозило суверенитетот на островот и неговите риболовни води.

Исланд првпат поднесе барање за приклучување кон ЕУ во 2009 година, кога финансиска криза ја погоди малата, изложена економија на земјата. Евроскептичната влада ги прекина преговорите во 2013 година.