Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иранската армија тврди: Ги обновивме сите вооружени системи што беа оштетени, набавивме и нови

/

Свет

Сподели преку :

Сите вооружени системи што беа оштетени за време на војната се целосно обновени, а дополнително се набавени и нови системи, соопшти денеска иранската армија.

Портпаролот на армијата, Мохамад Акраминија, за државната телевизија изјави дека презеле значајни мерки за обновување и повторно распоредување на оштетената опрема, што дополнително ги зајакнало нивните борбени способности. Тој појасни дека дел од новите системи се обезбедени преку домашната одбранбена индустрија, додека други се увезени од странство.

Акраминија, исто така, истакна дека превентивниот напад, заснован на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, претставува легитимна мерка кога се почитуваат принципите на пропорционалност и неопходност.

Војната на Блискиот Исток започна кон крајот на февруари со заеднички напади на САД и Израел врз Иран, по што Техеран возврати со напади врз сојузничките држави на Вашингтон во регионот. Иако со прекинот на огнот во април се стави крај на речиси 40 дена интензивни судири, повремените инциденти, главно во близина на Ормуска Теснина, ги намалија шансите за постигнување траен мировен договор.