Иран истрела две балистички ракети кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), но при нападот не е причинета материјална штета, бидејќи двата проектила паднаа во море, соопштија властите на ОАЕ. Едниот, додаваат, паднал надвор од државните територијални води, додека вториот паднал во територијалните води на ОАЕ.
Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека системите за противвоздушна одбрана ја детектиртале ракетната закана, прва за земјата од мај оваа година, пришто беше издадено предупредување за граѓаните.












