Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Гардијан“: Се побројни се содржините на интернет генерирани со ВИ на кои има сексуална злоупотреба на деца

/

Свет

Сподели преку :

Содржини со сексулана злупотреба на деца се повеќе го преплавуваат интернет просторот,  а се создадени со помош на вештачка интелигенција. Бројот на таквите материјали откриени годинава веќе го надмина вкупниот број регистриран во текот на 2025 година, објави лондонски „Гардијан“.

Аналитичарите на британската организација „Интернет воч фаундејшн“ во првата половина од 2026 година откриле 6.310 слики создадени со вештачка интелигенција кои според британскиот закон се сметаат за материјали со сексуална злоупотреба на деца.

Тоа е за 40 отсто повеќе од вкупниот број такви слики откриени во текот на целата 2025 година, кога биле регистрирани нешто повеќе од 4.500.

Забележана е тенденција на пораст на ваквите случаи од година во година, а особено брзо се зголемува бројот на видео-содржини, иако најновите податоци на ИВЕФ се однесуваат само на фотографии.

Најголемиот дел од анализираните слики прикажуваат девојчиња и деца на возраст од седум до 13 години.

Од ИВЕФ предупредуваат дека податоците јасно покажуваат потреба од нови правила за вештачката интелигенција.