Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција регистрира 14.000 пожари од почетокот на сезоната – уапсени над 400 лица, меѓу кои 156 малолетници

/

Свет

Сподели преку :

Франција регистрира околу 14.000 пожари од почетокот на сезоната, а безбедносните служби привеле над 400 лица поради намерно или ненамерно предизвикување пожари, соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез.

Како што пренесе телевизијата БФМТВ (BFMTV), Нуњез посочи дека од почетокот на сезоната биле регистрирани 14.000 пожари, а безбедносните сили уапсиле 402 лица поради пожари кои биле намерно предизвикани или избувнале поради невнимание. Меѓу приведените има 156 малолетници, додека 36 лица се задржани во притвор.

Пожарите во департманите Жиронда и Од се ставени под контрола, додека во департманот Вар пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија.

Нуњез изјави дека пожарот во Вар е „најдолгиот шумски пожар некогаш регистриран“ во тој департман, бидејќи трае веќе 15 дена.

Во гаснењето и натаму учествуваат 1.250 пожарникари, со поддршка од два авиона „Канадер“ и два хеликоптера за гаснење пожари.

Предупредувањето за опасност од пожари во департманот Жиронда денеска е намалено од највисокото, црвено, на портокалово ниво.