Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Загинаа двајца луѓе, четворица се во критична состојба – Руски напади врз Киев без предупредување

/

Свет

Сподели преку :

Руските сили во текот на ноќта го нападнаа украинскиот главен град со балистички ракети, при што загинаа две лица во станбена зграда, а погодена беше и термоелектрана. Oва е втор напад во рок од 24 часа за кој Украина не добила предупредување од своите западни сојузници.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека нападот првенствено бил насочен кон енергетската инфраструктура. Тој оцени дека е неправедно Киев да трпи напади без да добива предупредувања од своите партнери и додаде дека, според разузнавачките податоци, веројатни се и нови напади.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека две лица загинале, а 21 лице е повредено откако ракетата погодила деветкатница. Шеснаесет од повредените се хоспитализирани, а четворица се во тешка состојба.

  • „Нападнати се три куќи: една зад мене, една лево и уште една зад мене. Во моментов е во тек евакуација на цивилното население. Овде нема ниту еден воен објект. Зад нас има училиште, пред нас градинка, а лево продавница – тоа е целосно цивилна зона. Ги гледаме последиците предизвикани од нашите проблематични соседи, кои таложат гнев кон целиот свет. Настрадаа само цивили,“ објаснува Јевхен Дејнеко, 26-годишен жител на Киев и украински воен ветеран,  додека го држи своето дете.

  • Андриј Пархомчук, жител на Киев и војник во украинската армија вели: „Не можеме да веруваме во ништо. Сите тие зборови се празни приказни. Не може да им се верува ниту на Русија, ниту на Америка, за тоа што го зборуваат таму. Но, не може да им се верува ниту на нашите; апсурдно е што за пет години не се изградени никакви засолништа. Треба да ги има во секој двор, особено во време кога летаат балистички ракети и сè и сешто, а всушност нема каде да се скриете.“

Екипите за спасување работат на гаснење на пожарите во неколку станови во зградата, а станарите се евакуирани.

Б.С.