Група од неколку десетици граѓани вечерва упадна во редакцијата на таблоидот и телевизијата Информер.рс за време на програмскиот сегмент Колегиум, кој се емитува во живо. ТВ Информер важи за едно од главните пропагандни гласила на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Меѓу граѓаните кои влегоа во телевизијата беше и Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Таа од главниот и одговорен уредник на Информер, Драган Ј. Вучичевиќ, побара одговори зошто ширел лаги за нејзиниот син и зошто демонстрантите ги нарекувал „усташи“.
Во напнатата атмосфера, демонстрантите гласно му се обраќаа на Вучичевиќ, барајќи да објасни зошто водел кампања со лаги, омаловажувања и невистини. Во меѓувреме, пред телевизијата пристигна и полицијата, додека демонстрантите бараа уредникот и сопственик да биде изведен со лисици.
Пред граѓаните да влезат во телевизијата, Вучичевиќ побара полициска интервенција и заштита. Тој телефонски му се јави и на Илија Срдановиќ, носителот на листата на студентското движење, барајќи од него да ги смири своите поддржувачи и да ги повика да се повлечат од пред телевизијата.
Пред телевзијата се распоредени спеццијални сили кои се обидуваат да го извлечат сопственикот на телевизијата .
Видеоснимка од собраните пред Информер беше објавена на социјалните мрежи со описот „Ајде да одржиме Колегиум заедно“, алудирајќи на емисијата „Колегиум“ што ја води Вучичевиќ.

Ma je l to dobri narod upao u Informer? https://t.co/Y9Z3rzQxr5
— Marijana 🇷🇸 (@MarijanaMM_) October 26, 2026
Фото: Принтскин од емитување во живо на Информер.рс












