Некои западни политичари посакуваат конфликт меѓу НАТО и Русија по „неуспешната стратегија за пораз на Москва во војната со Украина“, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
Фицо, смета дека Европа е поблиску од кога било до избувнување на војна од големи размери, произлезена од конфликтот во Украина.
–Се соочуваме со смртна опасност додека гледаме како Западот долева масло на огнот со својата поддршка за Украина. Неуспехот на стратегијата за уништување на Русија преку војната во Украина ги наведе некои западни политичари да веруваат дека, ако целта не може да се постигне со помош на украинската армија и целосна поддршка за неа, тогаш мора да се направи сè за да се предизвика конфликт меѓу НАТО и Русија, истакна Фицо во видео порака на платформата Х.












