Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската Унија парализирана, без договор за буџетот и соочена со насилни протести – Зеленски бара нови 70 милијарди евра за 2027 година

/

Свет

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела побара дополнителни 70 милијарди финансиска и воена помош за неговата земја за 2027 година. Во меѓувреме Русија продолжува со нападите на украинската енергетска инфраструктура, а Киев предупредува на последиците за населението во пресрет на претстојната зима.

„Русија нè убива. Не сака да престане“, рече Зеленски на самитот во Брисел минатата недела и предупреди дека пораз на Украина би можел да предизвика нов бран на бегалци кон Европската Унија.

Една под можностите за финансирање на Украина е користење на, речиси, 200 милијарди евра од „замрзнатиот“ руски државен имот кој се наоѓа во белгискиот депозитар „Еуроклир“. Но, пречка е Белгија која се противи поради финансиски и правни ризици. Белгискиот премиер Барт де Вевер повторно одби користење на „замрзнатиот“ имот пред завршување на војната. Затоа европските лидери разгледуваат други можности, меѓу кои и нови заедничко задолжување или дополнителни уплати на државите членки.

Барањето на Зеленски доаѓа во период на проблеми и растечки предизвици во Европската Унија. Блокот се обидува да го договори новиот буџет вреден речиси два трилиона евра, но и да најде дополнителни средства за Украина, а четири негови најголеми економии влегуваат во период на избори и политичка неизвесност.

Шпанија ќе излезе на парламентарни избори веќе наредниот месец, Франција ја очекуваат претседателски избори на пролет, Италија ќе спроведе парламентарни избори во 2027 година, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со пад на популарноста и раст на поддршката за крајно десничарската Алтернатива за Германија.

„Проблем е што тие четири земји заедно чинат 60 отсто од економијата и населението на Европската Унија. Политичката нестабилност во тие земји би можела дополнително да го отежне носењето на одлуки за кој е потребен конзензус“, пишува „Политико“.

Првите последици беа воочени уште на минатонеделниот Самит на европските лидери во Брисел. По дводневни преговори не успеаја да се договорат за буџетот, а состаноците ги обележаа и остри несогласувања за енергетската политика.