Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ нема да ги следи САД за купување на руски дизел – Фон дер Лајен со порака: Санкциите кон Москва остануваат до завршување на војната

/

Свет

Сподели преку :

Европската Унија (ЕУ) нема да ги ублажи санкциите за руски фосилни горива по договорот на Вашингтон со Москва за испораки на дизел, порача претпладнево претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, пренесува „Политико“.

Во обраќање пред пратениците во Европскиот парламент, таа предупреди дека Русија не е сигурен добавувач на енергенси.

„Нашето искуство покажува дека во секој момент би можела да ја искористи енергетската зависност како средство за уцена. Тоа е лекција која Европа сигурно нема да ја заборави“, изјави Фон дер Лајен.

Американскиот претседател овој месец објави дека се договорил со неговиот руски колега, Владимир Путин за ублажување на санкциите за увоз на дизел до април во 2027 година по растот на цените на светските пазари. Трамп потоа го бранеше потегот и тврдеше дека ЕУ купила фосилнио горива од Москва во вредност од неколку милијарди, без да изнесе дополнителни детали.