Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ескалација на војната во Иран, расте загриженоста за цивилните жртви

/

Свет

Сподели преку :

Најновата ескалација на војната во Иран повторно го стави во фокус бројот на цивилните жртви. Иранските власти соопштија дека во последните американски напади загинале 18 лица, а 108 биле повредени.

Меѓу загинатите се и четири лица на свадбена прослава во близина на Ормутскиот Теснец, тврди иранската Црвена полумесечина. Американската војска, пак, соопшти дека не таргетира цивили.

Новата размена на напади предизвика загриженост низ регионот. Иран изврши ракетни и беспилотни напади врз, како што наведе, американски цели во Бахреин, Јордан, Кувајт и Ирак, додека Кувајт соопшти дека неговата воздушна одбрана пресретнала нови напади во раните утрински часови.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабока загриженост поради цивилните жртви и повика на итен прекин на воените дејствија и дипломатско решение.

Меѓувреме, конфликтот дополнително го нарушува сообраќајот низ Ормутскиот Теснец, преку кој пред војната минувале околу 20 отсто од светските количини на нафта. Според американски податоци, досега загинале 18 американски воени лица, а повеќе од 750 се повредени.

Ројтерс наведува дека продолжувањето на борбите ги зголемува стравувањата од нови цивилни жртви и поширока регионална ескалација.