Економистот и поранешен гувернер на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ се споменува како најголем адут во медиумите за нов премиер на Србија по победата на „Студентска листа – Студентите победуваат“ на предвремените парламентарни избори, иако студентите сè уште ја немаат потврдено неговата кандидатура.
Тој пред изборите и лично ги отфрли тврдењата дека би можел да биде иден српски премиер и најави дека за состав на новата влада ќе се разговара по победата на изборите.
„Јас сум само кландидат за пратеник“, рече во таа прилика Шошкиќ.
Поранешниот српски претрседател, Александар Вучиќ за време на кампањата го претстави Шошкиќ како скриен фаворит на студентите. На собирот во Белградска арена, Вучиќ тврдеше дека Шошкиќ е кандидат на „Студентска листа“ за премиер и го обвини за пљчкање на земјата и уништување на динарот.
Според српските медиуми, Шошкиќ е на 27 место на листата со 250 кандидати. По затворање на избирачките места, Шошкиќ, на прес-конференција во име на „Студентска листа“, ги повика граѓаните за мирно славење на победата и изрази благодарност до електоратот за укажаната доверба.
Во интервју за неделникот „Време“, Шошкиќ најави дека новата власт, ако студентите победат, ќе ги смени лошите кадри, ќе донесе Закон за лустрација и ќе истражи потекло на имотот. Тврдеше дека Србија без поголеми проблеми ќе ја премости транзицијата на власта и најави оти новата власт ќе ги забрза реформите за членство во Европската Унија за што на крај ќе одлучат граѓаните на референдум.
Премиерот во Србија го бира Собранието по политички договор и официјален предлог на кандидатот.












