Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во уривање на зграда за сместување на студенти во Њу Делхи, соопштија официјални претставници.
Од урнатините засега се спасени шест луѓе, објави „Индија тудеј“.
Зградата се наоѓала во близина на јужниот кампус на Универзитетот во Њу Делхи, подрачје со натрупани улици по чија должина се наоѓаат студентски домови, сместувачки капацитети за постдипломци и ресторани.
Локалните жители велат дека зградата, позната како „Хостел Дазе“, е стара речиси 50 години и во моментот на уривање во подрумот се изведувале градежни работи.












