Двоспратна зграда се урна по силна експлозија во Плака, стариот дел на градот во подножјето на Акропол во центарот на Атина.
Еден минувач се здоби со полесни повреди од разлетаните остатоци.Пожарникарите извлекоа две жени кои биле заробени во соседна зграда.

Причината сè уште не е официјално потврдена, но првичните индиции укажуваат на истекување на природен гас. Според информациите, зградата што се урна се користела за краткорочно издавање.
Експлозијата се слушна низ поголемиот дел од центарот на Атина. Оштетени се паркирани автомобили, прозорци и продавници во близина.

Противпожарната служба соопшти дека експлозијата предизвикала и помал пожар.












