„Брегзит донесе повеќе штета отколку корист, Обединетото Кралство треба да разгледа различни опции за своите идни односи со Европската Унија, вклучително и царинска унија, единствениот пазар, па дури и можноста за повторно зачленување во ЕУ, ова го изјави премиерот на Обединетото Кралство, Енди Бернам.
Во изјава за Би-Би-Си, по обраќањето на годишната конференција на Лабуристичката партија во Ливерпул, Бернам рече дека сите достапни опции треба да се проценат врз основа на нивната изводливост, како и предностите и недостатоците што ги носат.
Бернам на конференцијата на Лабуристичката партија, најави дека ќе претстави различни опции за долгорочните односи на Лондон со европските партнери пред претстојниот самит меѓу Обединетото Кралство и ЕУ.












