Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бараа 30 биткоини за откуп, не добија – хакери објавија шест терабајти податоци за Берлин, меѓу нив и тајни одбранбени сценарија

/

Свет

Сподели преку :

Хакерската група Рисајд објави речиси шест терабајти податоци на администрацијата на Берлин на дарк веб, меѓу кои и исклучително чувствителни информации. Објавени се 1,4 милиони датотеки, но локалната власт и политичкиот врв засега не дадоа позначителни изјави за настанот, пренесува Еуроњуз.

Меѓу документите и мапа со назив АГ ЦБРН-Раменпланунг (AG CBRN-Rahmenplanung). Кратенката ЦБРН означува хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани, што значи дека строго доверливите сценарија за такви случаи сега се јавно достапни и овозможен е увив во нив на терористички групи и странски разузнавачки служби.

Според истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф станува збор за сајбер напад „со размери кои директно ја загрозуваат државата“.

Хакерите бараа откуп од 30 биткоини, што во превод значи околу два милиона евра, во спротивно се заканија дека ќе ги објават податоците. Рокот беше петок во 15:35 часот, а берлинскиот Сенат порача дека начелно не се согласува на такви уцени.