Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австралија ќе им забрани на странските студенти да носат членови на семејството во земјата

/

Свет

Сподели преку :

Австралискиот министер за внатрешни работи, Тони Бурк, објави дека на странските студенти нема да им биде дозволено да носат членови на семејството во земјата, при што го претстави планот на својата Влада за намалување на бројот на мигранти.

–Што се однесува до меѓународните студенти – и ќе ги разгледаме исклучоците бидејќи и тие се важни повеќе нема да дозволуваме вклучување на членови на семејството во визите за меѓународни студенти или во визите за постдипломски студии. За оние чии семејства се веќе вклучени во визата и кои се веќе тука, нема да ги разделуваме семејствата додека престојуваат во земјата. Статусот на оние што се веќе  тука ќе остане непроменет сè до моментот кога ќе ја напуштат Австралија, освен  ако не стекнат право на постојана виза, Истакна Бурк.