Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Администрацијата на САД подготвува укинување на околу 200.000 туристички и деловни визи

/

Свет

Сподели преку :

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување на туристички и деловни визи за околу 200.000 странски државјани кои поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД.

Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 визи, издадени во периодот од 2016 до 2026 година, на лица кои во меѓувреме поднеле барање за азил, се наведува во документи на Стејт департментот до кои дошле медиумите.

Мерката ќе биде спроведена во координација со Министерството за внатрешна безбедност.

„Координираме со Министерството за внатрешна безбедност за да ги идентификуваме и укинеме визите на странски државјани кои пристигнале во САД претставувајќи се како краткорочни посетители, но потоа поднеле барање за азил за да останат трајно во земјата“, изјави портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот.

Мерката би можела да биде оспорена пред суд или дополнително разгледана.

Откако Трамп ја презеде функцијата за својот втор мандат минатата година, неговата администрација континуирано ги заострува ограничувањата за лицата кои аплицираат за американски визи, вклучително и со барање дополнителни информации за нивната активност на социјалните мрежи и со воведување високи такси за обработка на визите.

Администрацијата, исто така, целосно го забрани издавањето визи за државјани на одредени земји.