Пет лица се водат како исчезнати, а осум други се повредени откако зграда во која се наоѓал ресторан и други станови беше „целосно уништена“ во пожар во швајцарскиот град Тусис, соопшти полицијата.
Првичните истраги покажуваат дека пожарот избувнал на вториот кат, а причината сè уште се утврдува, соопшти кантоналната полиција на Граубинден.
Полицијата била повикана нешто по полноќ по локално време, а на местото на пожарот интервенирале речиси 100 пожарникари. По уривањето на скалиштето, покривот морал да биде отворен со помош на кран.
Алпскиот регион Граубинден, познат и како Гризон, е популарна туристичка дестинација за зимски спортови, но и за летни активности во природа, во источна Швајцарија.
Полицијата соопшти дека 14 лица успеале да избегаат од зградата. Од нив, две се здобиле со тешки повреди, две со повреди од средна тежина, а четири со полесни повреди.
Повредените биле пренесени во болници во Кур, Тусис, Иланц и Цирих, додава полицијата.
Полицијата и обвинителството ја истражуваат причината за пожарот.














