Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.
Специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид за сузбивање на ларвите во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти. За целсоно да се намали бројот на инсекти, прскање ќе има и во петок кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.
Најголем број од заболените од западнонилска треска се од Драчево.
Епидемиолозите со апел граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита, да избегнуваат да излегуваат надвор кога комарците се најактивни, да се користат репеленти и при првите евентуални симптоми веднаш да се јават на лекар.
Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

Заклучно со 30 јули, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. 12 се од Скопје и 1 од Велес. Епидемиолозите со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита, да избегнуваат да излегуваат надвор кога комарците се најактивни, да се користат репеленти и при првите евентуални симптоми веднаш да се јават… Продолжи со читање













