Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото+видео) Пожарот кај Бигла е под делумна контрола – Состојбата со пожарите е исклучително лоша 20 жаришта на отворено

/

Македонија

Сподели преку :

Пожар во и околу каналот кој минува покрај скопското село Арачиново во насока кон Белви. Таму во моментов гори претежно трска и сува трева.

Противпожарните екипи од Скопје се на терен, засега нема опасност од неконтролирано ширење.

Под делумна контрола е ставен  шумскиот пожар кај делчевското село Бигла. Пожарот во боровата шума го има предизвикано неодговорно лице кое во дворот на својот дом запалило гуми.

Изгубил контрола врз огнот и се проширил кон високата борова шума.

Ангажирани беа пожарникари, доброволци, вработените од Македонски шуми, Делчевските претпријатија и месното население, а од воздух се гаснеше и со ер тракторите.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов попладнево информира дека нов пожар избувнал во Машевскиот регион, кај Пехчево во близина на границата со соседна Бугарија. Таму се интервенира и од воздух.

На теритторија на цела држава денеска има околу 20 пожари, од кои што десетина се активни, меѓу кои на планината Китка, а селото Палиград е безбедно.

Пожарот во Струмичко кој вчера попладнето беснееше на потегот меѓу селата Водача и Баница и месноста Софилар е ставен под контрола. На терен остануваат пожарникарски екипи кои вршат догасување и контрола на критичните точки. Состојбата се следи и со дронови.

  • Моментално е под кокнтрола и имаме надлетуање со дрон. Ситуацијата е мирна, засега е стабилна. Пожарот може да кажеме дека целосно е ликвидиран синоќа, а денеска вршиме догасување на некои места каде што има дрвја„ изјави командирот на струмичката Противпожарна служба, Александар Гудев.

Пожарникарите, доброволците и вработени во македонски шуми интервенираа и во Кумановско, Мариово, Маврово и Желино.

Викторија Јованова

Од небо и од земја, со пожарникари и доброволци се гасне пожарот во делчевска Бигла

Голем шумски пожар беснее во близина на делчевското село Бигла. Гори борова шума, а пожарот околу 10 часот го има предизвикано неодговорно лице кое во дворот на својот дом запалило гуми. Изгубил контрола врз огнот и се проширил кон високата борова шума. Ангажирани се пожарникари, доброволци, вработените од Македонски шуми, Делчевските претпријатија и месното население.… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2