Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од небо и од земја, со пожарникари и доброволци се гасне пожарот во делчевска Бигла

/

Македонија

Сподели преку :

Голем шумски пожар беснее во близина на делчевското село Бигла. Гори борова шума, а пожарот околу 10 часот го има предизвикано неодговорно лице кое во дворот на својот дом запалило гуми. Изгубил контрола врз огнот и се проширил кон високата борова шума.

Ангажирани се пожарникари, доброволци, вработените од Македонски шуми, Делчевските претпријатија и месното население. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов најави дека на пожарот ќе се интервенира и од воздух.

  • Во овој момент ќе се упатат и трите трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, а веќе е упатен хеликоптер на полицијата. Правиме напори овој пожар да се стави под контрола, од страна на градоначалникот е ангажирана тешка механизација, тешки трактори, булдожери, коишто треба да направат противпожарни пресеки помеѓу пожарот и селото Бигла, за да не дојде до загрозување на куќите. Повторувам, селото е од разбиен тип, на секој рид по неколку куќи. Од пожарот, лицето кое што го предизвикало, додека се обидувало да го изгасне, заедно со еден пожарникар и еден припадник на просторните сили, вдишале поголема количина на чад, поради што се однесени превентивно на лекарски преглед, рече Ангелов.

Поради близината на огнената стихија до селото, Општина Делчево упати апел до граѓаните кои се во можност да помогнат и да се приклучат во акцијата за спас на шумата кај село Бигла.

Пожарот во Струмичко кој вчера попладнето беснееше на потегот меѓу селата Водача и Баница и месноста Софилар е ставен под контрола. На терен остануваат пожарникарски екипи кои вршат догасување и контрола на критичните точки. Состојбата се следи и со дронови.

  • „Моментално е под кокнтрола и имаме надлетуање со дрон. Ситуацијата е мирна, засега е стабилна. Пожарот може да кажеме дека целосно е ликвидиран синоќа, а денеска вршиме догасување на некои места каде што има дрвја„ изјави командирот на струмичката Противпожарна служба, Александар Гудев

Синоќа гореше и над прилепското село Бонче, каде што пожарникари, доброволци од Битола и Кочани и месното население спречиле огнот да ги зафати домовите. Пожарот е под контрола, но има екипа за да го контролира теренот.

Викторија Јованова

Б.С.

Jumbo 2