Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потврдени трите сомнителни случаи, двајца пациенти на Инфективна, еден на Неврологија – вкупно осум заболени со западнонилска треска

/

Македонија

Сподели преку :

Потврдени се нови три случаи на вектор преносливите болести кои до вчерашниот ден не беа потврдени, рече Сашо Клековски, министер за здравство, на денешната прес-конференција.

„Два се на Инфективната клиника, еден на Неврологија. Тој на Неврологија е потврден само на еден од тестовите. Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести е дека, настрана случаите што се поврзани со Грција, има дефинитивно случаи кои не патувале надвор од земјата и со место на живеење се во подрачјето на скопско поле, ако можам да кажам. Таму веќе се преземени мерки за дезинфекција на подрачјето на 200 метри од местото на живеење на потврдените случаи и тоа го работи Центарот за јавно здравје Скопје“, истакна Клековски.

С.Д.

Jumbo 2