АНБ и МВР-секторот за компјутерски криминал истражуваат каде почнаа да се шират дезинформациите за загадена вода во Скопје
Извори од македонските безбедносни служби за Телма потврдија дека се истражува како и каде почнале да се шират дезинформациите за загадена вода во скопскиот водовод.
На интернет се бара првиот почетен извор на дезинформацијата. Проверки се вршат и во повеќе здравствени институции чии вработени медицински лица биле спомнувани во шпекулациите како извори на информацијата за загадена вода. Истрагата ја спроведуваат припадници на АНБ и на Секторот за конпјутерски криминал во МВР.
Повеќе анализи на водата од скопскиот водовод покажаа дека водата е употреблива и не е штетна или загадена.
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на прес конференција изјави дека „станува збор за организирана акција за ширење на хистерија што е рамно на терористички напад“. Сите профили на социјални мрежи кои ги ширеле дезинформациите ќе бидат предадени на истрагата, најавија од град Скопје.
Миомир Серафиновиќ













