Пожарот кој се слиучи ноќеска во населбата Шуто Оризари избувнал во 03:20 часот, опожарени се над 20 дуќани, сите во соптвеност на едно лице. Од МВР за Телма велат дека повредени луѓе во пожарот нема, се работи на расчистување на случајот.
-Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР

Неколку дуќани и кафулиња изгореле синоќа откако избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари. Според првичните информации нема повредени, 4 News објави видео на кое се гледа дека предизвикана е голема материјална штета. Повеќе детали се очекуваат од противпожарните служби и по завршување на увидот од Министерството за внатрешни работи. Во период од 03:31… Продолжи со читање












