Неколку дуќани и кафулиња изгореле синоќа откако избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари.
Според првичните информации нема повредени, 4 News објави видео на кое се гледа дека предизвикана е голема материјална штета.
Повеќе детали се очекуваат од противпожарните служби и по завршување на увидот од Министерството за внатрешни работи.
Во период од 03:31 до 06:45 часот со 15 пожарникари и 6 ПП возила гаснале запален трговски дуќан на ул. Индира б.б. (опш. Шуто Оризари), информираат од ЦУК.













