Премиерот Христијан Мицкоски смета дека прославата по укинувањето на куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби не му оди во прилог, туку дополнително му ја отежнува положбата. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека Груби сега е слободен како него и се прославуваше како за Нова Година, Мицкоски посочи дека Груби не е целосно слободен, бидејќи и понатаму има ограничувања.
-Не би рекол дека е слободен како што јас сум слободен, бидејќи јас ја имам мојата патна исправа и можам да го напуштам и градот и државата, одговори Мицкоски.
Премиерот објасни дека, според информациите што ги добил, по истекувањето на законскиот рок од 60 дена судот бил должен да ја прекине мерката куќен притвор и да определи други мерки за обезбедување на присуството на обвинетиот.
Осврнувајќи се на прославата, Мицкоски рече дека го прочитал јавното извинување од Груби и неговото семејство поради вознемирувањето што можело да го предизвика собирањето.
-Тие ниту се организатори, ниту пак имаат намера да бидат организатори на таков тип егзотично однесување на поединци. Ваквото однесување на дел од присутните не претставува политичка поддршка што му користи. Претпоставувам дека тоа е дел од карактерот на поединци кои мислат дека со ваков тип екстраваганција им помагаат на своите сопартијци, но мислам дека грешат. Напротив, им отежнуваат, оцени Мицкоски.
Куќниот притвор на Груби беше укинат по истекувањето на законскиот рок, но против него останаа во сила други мерки на претпазливост, меѓу кои одземање на патната исправа, забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, и обврска за јавување во судот. Грубои е дел од групата обвинета за злоупотреби во Државна Лотарија кои што, според обвинителството предизвикале штета на Буџетот од над 9,7 милиони евра.

Шпалир со упалени факели и прскалки, поздрави и радости, уште на првото излегување по завршениот куќен притвор, поранешниот вицепремиер, а сега обвинет во случајот Лотарија, Артан Груби бешепочестен со собир. Собирот бил самоиницијативно организиран од соседи, пријатели и граѓани, а не од Груби, тврдат неговите адвокати во обид да ја смират јавноста или по осудувачките… Продолжи со читање













