Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спонтан собир со факели за слободата на Груби, се прави нова безбедносна проценка

/

Македонија

Сподели преку :

Шпалир со упалени факели и прскалки, поздрави и радости, уште на првото излегување по завршениот куќен притвор, поранешниот вицепремиер, а сега обвинет во случајот Лотарија, Артан Груби бешепочестен со собир.

Собирот бил самоиницијативно организиран од соседи, пријатели и граѓани, а не од Груби, тврдат неговите адвокати во обид да ја смират јавноста или по осудувачките коментари за прославата или по радосните извици за поддршка на обвинетиот, вели адвокатскиот тим на Груби.

Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележја. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста.

Груби според сознанија на Телма бил на посета на родителите и кога си заминувал бил сочекан од луѓето со пиротехника и извици Крал, на англиски Кинг. Сега има приватно обезбедување, а полицијата со 24-часовно присуство го штитеше од евентуални безбедносни ризици и закани утврдени од надлежните полиција и АНБ. Од МВР ни одговорија дека ја извршувале судската наредба, но не прецизираа дали се уште се на сила заканите кон обвинетиот поранешен вицепремиер.

Безбедносните проценки за конкретни лица спаѓаат во оперативни дејствија и МВР не е во можност за нив да споделува детали со јавноста. Контрола на спроведување на мерката куќен притвор на лицето Артан Груби е почната од 23.02.2026 година и беше во тек до 13.10.2026 година, велат од МВР.

Високопозиционирани безбедносни извори пак потврдија дека безбедносната проценка за загрозеност на Груби се уште е на сила, но се прави нова безбедносна проценка. Со првичната дека има закани по живот, обвинителството за Груби бараше куќен наместо затворски притвор откако тој се врати во Македонија по 14 месечно бегство од правдата.

Во меѓувреме против него, но и останатите во предметот Лотарија е поднесено обвинение за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати и штета врз буџетот од 9,7 милиони евра, а наредното судско рочиште е закажано за 20-ти октомври. Тоа ќе биде прво рочиште на кое Груби ќе дојде и ќе се брани од слобода која комшиите му ја славеа со навивачки факели.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2