Ставот на Владата е писмениот дел во правосудниот испит да се полага на јазик на кој што е формирано образованието, додека устниот дел каде што се симулираат граѓански и кривичен спор да биде на македонски јазик, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски откако на вчерaшната прва средба со студенти Албанци и министерот за правда не се постигна договор за правосудниот испит.
Студентите Алабнци кои беа на средбата инсистираат целиот испит да се полага на албански јазик и најавија нови протести доколку ова нивно барање не се прифати.
Премиерот денеска нагласи дека никој не го спори правото високото образование да се заврши на мајчин јазик и додаде дека на правните факултети, студиите можат да се завршат на три јазици различни од македонскиот јазик. Но кога се зборува за правосуниот систем има принцип на „франка линва“.
„Кога зборуваме за правосудниот испит имаме принцип на „франка лингва“, односно еден јазик а во Македонија тој јазик е македонскиот и согласно препораката на Венецијанската комисија која ја има дадено за тогашниот закон за јазици кој претходната власт го донесе на начин на кој што го донесе треба да се почитува мислењето на меѓународните институции“, рече Мицкоски.

Нема договор за полагање на правосудниот испит на други јазици, освен на македонски јазик. Студентите и факултетите не го прифатија решението на министерот за правда Јетон Шасивари, предложено на денешната средба теорија да полагаат на албански, а практичниот дел на македонски јазик. Студентите сметаат дека издејствувале победа, со оглед на фактот дека им било понуденo… Продолжи со читање













