Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Моштите на македонскиот великан Делчев како резултат на Бледскиот договор се донесени во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Официјална Софија денеска го чествува враќањето на останките на „бугарскиот цар Самоил во неговата татковина“.

Настанот во Македонија се следи со воздржаност од официјалните лица. На новинарско прашање, премиерот денеска рече дека прашањето треба да се гледа низ призма на Бледскиот договор.

  • Јас тоа го коментирам во насока на Бледскиот договор којшто е постигнат веднаш после капитулацијата на фашистичка Бугарија, којашто ја има, би рекол, окупирано за време на Втората светска војна територијата на денешна Македонија. Некој тоа го вика ‘администрирање’ од политичарите, за среќа што се поранешни политичари, односно поранешни политичари на функции, значи сè уште активни во опозицијата преку совети на раководствата во опозицијата, си имаат свои кукли таму и си ги раководат. Што се однесува до пренесувањето на моштите, јас би се вратил назад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев, како резултат на тој Бледски договор, се донесени во Скопје. И тоа е нешто што треба нас како Македонци да нè прави горди, затоа што моштите на тој великан, којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет, изјави Христијан Мицкоски, премиер.

Церемонија за примопредавање на посмртните останки на цар Самоил

(фото: BGNES) Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот на византиската култура во Солун, каде што се одржа церемонијата за примопредавање на посмртните останки на цар Самоил, јави БГНЕС. Бугарскиот премиер го пречекал неговиот грчки домаќин, Киријакос Мицотакис, а двајцата министри за култура потпишале протокол за примопредавање на посмртните останки на средновековниот бугарски владетел. За… Продолжи со читање

telma.com.mk

Бледскиот договор бил потпишан на 1 август 1947 година во Блед, Словенија, од страна на југословенскиот лидер Јосип Броз – Тито и бугарскиот премиер Георги Димитров.

Со него, Бугарија за прв пат го признава македонското малцинство во Пиринска Македонија и македонскиот јазик, а е предвидено и идно обединување на Вардарска и Пиринска Македонија и културна автономија за Пиринскиот дел.

Укинати се визите, олеснет е граничниот режим, а за возврат, Југославија и простува на Бугарија 25 милиони долари воена штета.

По расколот меѓу Тито и Сталин во 1948 година и Софија го раскина договорот на 1 октомври 1949 година.

Jumbo 2