Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Церемонија за примопредавање на посмртните останки на цар Самоил

/

Македонија

Сподели преку :

(фото: BGNES)

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот на византиската култура во Солун, каде што се одржа церемонијата за примопредавање на посмртните останки на цар Самоил, јави БГНЕС.

Бугарскиот премиер го пречекал неговиот грчки домаќин, Киријакос Мицотакис, а двајцата министри за култура потпишале протокол за примопредавање на посмртните останки на средновековниот бугарски владетел.

За возврат, Бугарија ѝ предава на Грција 48 предмети – главно црковни артефакти од неколку манастири во Егејска Македонија – кои биле спасени од бугарски научници за време на Првата светска војна, кога овие територии, населени со Бугари, биле под власта на цар Фердинанд Први.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја истакна важноста на враќањето на црковните артефакти во Грција, вклучително и еден епископски престол. Тој нагласи дека историските и верските реликвии не треба да бидат предмет на запленување за време на војна.

  • „Денес воспоставуваме длабока врска со Бугарија – врска што ги надминува културните рамки. Враќањето на важните црковни артефакти гради нови мостови на комуникација“, изјави Мицотакис, кој му се заблагодари на својот бугарски колега, Румен Радев. Грчкиот премиер истакна дека 48-те предмети – преземени од бугарската страна во 1917 година, за време на Првата светска војна, од митрополитските седишта во Сер и Нигрита – имаат огромно значење за духовниот и емотивниот живот на неговата земја.

Румен Радев изјави дека за него претставува голема чест што се наоѓа во музејот во Солун.

  • „Стремежот на бугарската држава да ги врати посмртните останки датира уште од 60-тите години на минатиот век, кога тие беа откриени во црквата „Свети Ахил“. Задоволство ми е што денес ја исполнуваме желбата на нивниот откривач, професорот Муцопулос, тие да бидат вратени.“ „Би сакал да му изразам благодарност на Мицотакис за постигнувањето на овој договор – историски за двете наши земји – како и за Вашето политичко лидерство“, рече бугарскиот премиер.

Ова е вторпат во последните две години еден бугарски владетел да се враќа во својата татковина. Во 2024 година, посмртните останки на цар Фердинанд I (кој владеел од 1887 до 1918 година) беа вратени од Кобург и погребани во дворецот „Врана“. Во Софија е погребан и уште еден бугарски владетел: во центарот на градот се наоѓа гробницата на кнезот Александар I Батенберг – под чие водство е постигнато обединувањето на Бугарија и успешно одбрането за време на победоносната Српско-бугарска војна.

 

Во Македонија пак се отвара прашањето Дали Самуил бил висок 155 см, колку што бил висок мажот чии коски се откопани во островот Ахил?

Jumbo 2