Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски бара да бидат разрешени директорот и Управниот одбор на „Македониум“- кој беше изнајмен за 500 евра за снимање на музички спот

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски ќе побара од министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, да  го разреши директорот и членовите на Управниот  одбор на Македониумот во Крушево, бидејќи дозволиле во музејот да се снима музички спот. Според него такви институции не треба да служат за снимање на спотови.

„Ги следев тие реакции, навистина тоа коешто таму се случило, претставува нешто коешто не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба бидат изнајмувани и користени за такви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил и ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Така што уште денеска ќе побарам да бидат, и челновите на управниот одбор и директорот на таа културна институција, разрешени.“

 

(видео)Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти – Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум

Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина, изјави министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, одговарајќи на прашање во врска со снимањето на спотот „Секси мама“ од страна на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево. На прес… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2