По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки – „European Donation Day 2026“, објекти низ Македонија се осветлуваат во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот.
Во иницијативата се вклучија повеќе општини и институции од земјава, а Министерството за здравство им се заблагодари за поддршката на органодарителството и трансплантацијата.
Со оваа симболична порака се испраќа повик за подигнување на свеста за значењето на донирањето органи.
„Секој донор е надеж. Секое ‘да’ е нов живот“, пораката што потсетува дека хуманоста може да спаси животи и да им даде нова шанса на оние на кои им е најпотребна.



























