Кај најголемиот дел од корисниците исплатата за породилно отсуство за месец јуни 2026 година е веќе реализирана, велат од ФЗО.
- Постои незначителен број поединечни предмети кај кои постапката се уште не е завршена, главно поради потреба од дополнување, корекција или усогласување на податоците и документацијата потребни за комплетирање на конкретниот предмет. Во ваквите случаи Фондот комуницира со работодавачот и/или осигуреното лице, со цел потребните корекции да бидат направени во најкус можен рок и предметот да продолжи во постапка за исплата, одговорија од Фондот.
Од таму велат дека не станува збор за општ застој во исплатата на породилните надоместоци, туку за поединечни предмети кај кои постапката не може да биде завршена се додека не бидат исполнети потребните услови.
Во однос на точниот број корисници кои се уште немаат добиено надоместок за јуни, станува збор за динамична состојба која се менува во текот на обработката на предметите. Фондот континуирано работи на нивно завршување, а секој предмет, веднаш по комплетирањето и исполнувањето на условите, се проследува за исплата.
Повторуваат дека не постои единствен календарски датум за исплата на сите корисници, бидејќи исплатата се врши континуирано, согласно комплетноста и исполнетоста на условите за секој поединечен предмет.
Телма претходно информираше дека дел од мајките до нашата редакција се пожалија дека има доцнење на исплатите за породилно отсуство.
Тврдат дека сеуште не е исплатен надоместокот за породилно за јуни 2026 година и бараат одговори зошто се касни секој месец и кој е одговорен за тоа.

Дел од мајките до редакцијата на Телма се жалат дека им доцнење на исплатите за породилно отсуство. Тврдат дека сеуште не е исплатен надоместокот за породилно за јуни 2026 година и бараат одговори на следните прашањата дали може надлежните од Фонд или Министерство за Здравство/Финансии, да дадат одговор зошто се касни секој месец со исплатите?… Продолжи со читање













