Дел од мајките до редакцијата на Телма се жалат дека им доцнење на исплатите за породилно отсуство.
Тврдат дека сеуште не е исплатен надоместокот за породилно за јуни 2026 година и бараат одговори на следните прашањата дали може надлежните од Фонд или Министерство за Здравство/Финансии, да дадат одговор зошто се касни секој месец со исплатите? Кој е одговорен? Како може мајки со новороденчиња и мали деца да бидат оставени без сигурен месечен приход?
Бидејќи се уште не ги добиле средствата мајките сметаат дека неодамнешните најави од Фондот за здравство за исплата се маркетинг и дипломатски одговор за прикривање на реалните проблеми.
Од ФЗОМ неодамна појаснија дека не постои еден единствен фиксен датум во месецот за исплата на надоместоците за породилно отсуство, велат дека станува збор за континуиран процес во кој секој предмет се обработува согласно со неговата комплетност и исполнетоста на законските услови, при што по приемот на документацијата се вршат проверка, контрола и одобрување, а дури потоа предметот оди на исплата.

Фондот за здравство работи на изнаоѓање на решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика меѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во процентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување. „Бараме техничко решение… Продолжи со читање













