После пеколната ноќ на терен во која дејствуваа екипите на НП „Пелистер“, ППТЕ Битола, ДПД Архангел и механизацијата на Јавните претпријатија од Битола пожарот кој гореше во НП “Пелистер“ е целосно локализиран, информираше директор на Националниот Парк, Иванчо Тошевски.
Сепак, опасноста за негово понатамошно активирање и ширење и понатаму е голема и најмногу зависи од временските услови.
Во текот на ноќта повредени се двајца припадници на единиците кои дејствуваа на терен и нивната здравствена состојба е стабилна.
Единиците продолжуваат да дејствуваат на терен со поддршка на армиски хелихоптер. Денеска ќе се интервенира и со хеликоптер и двата ертрактори, додека се очекува да пристигнат и ДПД Кочани.

















