Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

/

Македонија

Сподели преку :

Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, објавува ДУИ во последното соопштение.

– Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите, потсетуваат од партијата.

По јавната пријава, Обвинителството отвори истражна постапка против инвеститорот. Според тогашното соопштение на Обвинителството, станува збор за шесткатен станбено-деловен објект, започнат без одобрение за градба и на државно земјиште. Беше предложена и забрана за изведување градежни работи.

Работите запреа. Една година подоцна, работниците и градежната механизација повторно се на терен.

Од ДУИ пишуваат дека соседните семејства повторно се соочуваат со објект кој им ги затвора прозорците и балконите, додека од Општина Чаир нема ниту објаснување, ниту инспекциски записник, ниту јавно решение за запирање на работите.

Бараат од Општина Чаир веднаш да испрати инспектори на терен и јавно да соопшти:

врз основа на која документација се продолжени работите; дали постои важечко одобрение за градба; што презел општинскиот инспекторат; дали сè уште важи забраната за градежни работи предложена во рамки на истражната постапка.

Бараме и Обвинителството да ја информира јавноста до каде е истрагата и како е овозможено продолжување на работите на објект кој самото Обвинителство го третираше како дивоградба на државно земјиште.
едност.

Jumbo 2