Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот на ДЗСИ реагира по кривичната од СДСМ за Гостивар: Најлесно е денес да се впери прст кон други, потешко е да се погледне сопственото постапување

/

Македонија

Сподели преку :

Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име.

–Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување, вели д-р Лазов во својата реакција на социјалните мрежи по повод пријавата. Во неговата објава уште стои:

–Наместо со кривични пријави да бараат виновници на прес-конференции, најпрво треба да дадат одговори што направиле тие додека биле надлежни, какви мерки преземале и што пропуштиле да преземат во однос на долгогодишниот проблем со водата во Гостивар.

Најлесно е денес да се впери прст кон други. Многу потешко е да се погледне сопственото постапување од времето кога ја имавте одговорноста и институциите во свои раце.

Ваквите политички маневри нема да го променат мојот пристап. Продолжувам со професионална, одговорна и законита работа, исклучиво во рамките на надлежностите на ДСЗИ, пишува д-р Лазов.

СДСМ со кривична за четворица функционери за загадената вода во Гостивар – од ВМРО бараат да се испита одговорноста на Филипче

СДСМ поднесе кривична пријава во обвинителството  за загадената вода во Гостивар против 4 ца функционери . Минситерот за здравство Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, директорот на Државен санитарен и здравствен инспекторат Лазов и директор на тетовскиот центар за јавно здравје, Амети.  Според пријавата во својство на службени или одговорни лица во институциите… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2