Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ со кривична за четворица функционери за загадената вода во Гостивар – од ВМРО бараат да се испита одговорноста на Филипче

/

Македонија

Сподели преку :

СДСМ поднесе кривична пријава во обвинителството  за загадената вода во Гостивар против 4 ца функционери . Минситерот за здравство Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, директорот на Државен санитарен и здравствен инспекторат Лазов и директор на тетовскиот центар за јавно здравје, Амети.  Според пријавата во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар.  Од партијата  порачаа дека одговорност мора да има има политичка и кривична

„Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење. Иако по 200 граѓани дневно се пријавувале со здравствени тегоби 5 дена никој не презел ништо, да ја утврди причината, да реагира.  Се задоцни  и со прогласување на епидемијата.Се криеја информации за водата од граѓаните“, рече Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека СДСМ немаат право да морализирааат за загадената вода во Гостивар и возвратија со  контра обвинувања . Бараат обвинителството да ја истражи одговорноста на Филипче.

„ Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот.  Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат“, рече Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

Од Обвинителството велат дека интензивно постапуваат. За истрагата поведена портив екс директорката на гостиварски Комуналец и уште двајца раководители во претпријатието  прибран е голем дел од материјални докази кои се анализираат, а сослушшани биле и дел од сведоците , информираат  од обвинителството

„Дополнително, по наредба на јавниот обвинител, Управата за финансиска полиција ја одзеде и ја прегледува документацијата поврзана со финансирањето и искористувањето на средствата од проектот за водоснабдување. Воедно се истражуваат и сите други аспекти на овој настан, како и наводите за претходни загадувања на водата, а по донесување на јавнообвинителска одлука јавноста ќе биде известена“, велат од ЈОРМ.

Телма пред две недели ги објави документите кои покажуваат дека за водоводот се потрошени 7,2 милиони евра но тиј не е ставен  во функија поради тоа што комунлец не платил административни трошоци на ЈП за државни патишта.

Елена Ивановска Муковска

Jumbo 2