Бугарскиот државен производител на лекови „Бул Био НЦИПД“ (Bul Bio NCIPD) ги отфрли наводите за проблеми со квалитетот на својата Бе-Се-Же вакцина, откако беше известен за сомнителни несакани реакции од вакцината во Хрватска, соопшти бугарското Министерство за здравство.
Истрагата спроведена од „Бул Био“ покажала дека во два од четирите пријавени случаи во Хрватска била аплицирана доза десет пати поголема од пропишаната, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
БСЖ вакцината е вакцина со живи ослабени микроорганизми против тешки форми на туберкулоза, која се дава веднаш по раѓањето или во текот на првите месеци од животот на детето.
Според соопштението на бугарското министерство за здравство, на 5 октомври 2026 година, хрватскиот дистрибутер ја известил компанијата „Бул Био“ (Bul Bio) за четири случаи за остеомиелитис – воспаление на коските, по примената на БСЖ-вакцина. Брзата проверка што компанијата ја спроведе во европската база на податоци за несакани дејства на лекови, „ЕудраВиџиланс“ (EudraVigilance), го покажа следново:
- Два извештаи укажуваат на тоа дека била аплицирана доза од 0,5 ml – десет пати поголема количина од онаа пропишана во информациите за производот. Двата извештаја се однесуваат на вакцинации извршени во 2024 година и биле регистрирани на 29 јуни 2026 година. Податоците во врска со аплицираната доза подлежат на проверка во текот на истрагата.
- Во трет случај, подоцна била исклучена поврзаноста со вакцината. Овој извештај бил регистриран на 17 април 2026 година и се однесува на настан од 2023 година, кој според производителот, не е поврзан со вообичаените несакани реакции по вакцинацијата со BCG.
- Четвртиот извештај се однесува на вакцинација извршена на 23 ноември 2024 година. Остеомиелитис бил дијагностициран приближно година и пол подоцна. На 27 април 2026 година, во примерок од коскено ткиво било потврдено присуство на *Mycobacterium bovis* BCG. Ова е единствениот случај пријавен директно до „Бул Био“ (Bul Bio) во 2026 година. Производителот го примил извештајот на 14 мај и го доставил до EudraVigilance следниот ден. Хрватската агенција за лекови, HALMED, го регистрирала на 20 мај.
Претходно оваа недела, хрватската Агенција за лекови и медицински средства соопшти дека ја суспендирала дистрибуцијата и употребата на вакцината, откако примила четири пријави за сомнителен остеомиелитис како несакана реакција по нејзината примена.
Вчера, по извештаите во хрватските медиуми за наводните проблеми со вакцината на „Бул Био“, и Министерството за здравство на Македонија ја суспендираше имунизацијата со неа.

Порачана е јапонска вакцина против туберколоза. Останува забраната за употреба на бугарските вакцини. Граѓаните да бидат трпеливи вакцинирањето ќе продолжи. Министерот за здравство Сашо Клековски уверува безбедни се новорoдeнчињата бидејќи вакцината може да се даде и подоцна. Доцни и набавката на вакцини против сезонски грип. Од здравство велат кризата не е само во Македонија туку… Продолжи со читање
Б.С.













