Пожарот во кавадаречко најверојатно е злонамерно предизвикан и полицијата најверојатно го има во раце сторителот, порача директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Одеднаш на пет локации се запалени силни огнови кои придонесоа пожарот да зафати голема пожарна линија. Пожарот е во атарот на селото Раец и почна да се движи кон тешко пристапен и непристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро. Два „Ер трактори“ на Дирекцијхата веднаш започнаа со дејство, на кои ќе им се приодружат еден полициски и еден армиски хеликоптер поради сериозноста на пожарот. Ќе биде тешко да се стави под контрола во текот на денешниот ден, дури и во текот на оваа ноќ“, изјави Ангелов.

Пожарот во кавадречко повторно е реактивиран и проширен на тешко пристапен терен, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој додаде дека два „Ер трактори“ на ДЗС започнале со дејство. На лице место е и градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, информира Ангелов. Јанчев, пак, на Фејсбук објави дека поради високите температури и… Продолжи со читање













